Дресовите на Барселона за новата сезона ја оставија фудбалската јавност без зборови


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Клубовите во Шпанија неделава започнаа со заеднички тренинзи, по скоро двомесечен прекин.

Ситуацијата со коронавирусот се смирува и се очекува Ла Лига да продолжи на почетокот на следниот месец. Клубовите се подготвуваат за нови предизвици и враќање во секојдневниот живот.

Исто така, клубовите веќе размислуваат за следната сезона за која мора да бидат подготвени и покрај неочекуваниот пресврт поради пандемијата на коронавирус.

Во последно време гледавме многу дизајни за европските великани за новата сезона, а дел од нив се најдоа во центарот на вниманието.

Главната тема на навивачите на Барселона е новиот дизајн на трите комплета дресови за новата сезона што се појавија на социјалните мрежи. Тие ги воодушевија љубителите на каталонскиот клуб, но сè уште нема потврда дека ќе бидат дресови за новата сезона.

Како и да е, мора да се признае дека овие три сета изгледаат навистина одлично и дека на фановите им враќаат неколку убави спомени од минатото.