Дурант одлучи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кевин Дурант отиде од Оклахома, а ова ќе биде веројатно најсилен тим во историјата!

Кевин Дурант е нов играч на Голден Стејт Вориорс.

И само замислете го покерот Кари, Томпсон, Дурант, Драјмонд  Грин и се ќе биде јасно.

Америка и светот ја чекаа одлуката, Кевин Дурант ги избра Вориорсите. Неговото доаѓање меѓу „Воините“ ги поместува границите, во минатата година шампион, во оваа поразени во финалето доби засилување од соништата.

Оклахома е минато, се очекуваше дека ќе остане уште неколку сезони, преговараше и со Бостон, на крајот после многу контрадикторни информации, останаа, Тандер и Вориорси.

Како што рековм, пред неколку минути објави слика дека оди во Голден Стејтс Вориорс.

Ендру Богут пред неколку часови ги избриша  од Твитер сите постово за Вориорси што беше сигнал, тој ќе мора да го напушти Оукленд за да отвори место за најголемото засилување.

„Ова е одлука која морав да ја донесам, ова беше предизвик за кој размислував, време е за промена. Одам во Вориорс, одлучив“, рече меѓу останатоо седумкратниот Ол Стар и еден од најдобрите стрелци во НБА во овој век.