Два фудбалери го напуштија Камп Ноу


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Помалку од една недела пред крајот на преодниот рок, Барселона остана без двајца фудбалери.

На официјалниот сајт на шпанскиот клуб Барселона соопшти дека десниот бек Даглас следната сезона ќе игра во Спортинг Хихон. Барселона од неговиот трансфер нема да заработи. Даглас ќе остани во Примера, само ќе се пресели во Спортинг каде сигурно ќе добие поголема минутажа. Бразилецот стигна пред две години од Сао Паоло, а до денесе имаше одиграно само 8 натпревари за првиот тим. Дебитираше против Малага во 2014-та година, а со Барселона освои 8 трофеи.

Вториот фудбалер кој си замина од Барселона е Серџи Сампер кој следната сезона ќе игра на позајмица во Гранада. Сампер е првиот фудбалер кој ги помина сите младински категории на Барселона и потоа заигра за првиот тим. Три сезони играше за Барселона Б за која одигра 103 натпревари и на крајот беше капитен на вториот тим. Сампер дебитираше кај Луис Енрике во натпревар од ЛШ против Апоел.