Двајца си заминаа од Манчестер Сити, едниот се пензионира

Манчестер Сити остана без двајца фудбалери.

Граѓаните останаа без Мартин Демикелис.

Аргентинецот остана без договор, новиот менаџер Пеп Гвардиола мисли дека не му е потребен.

Него го доведе Пелегрини во 2013-та година, но го изгуби местото во стартните 11 со доаѓањето на Отаменди и Мангала.

Најверојатно неговата следна дестинација ќе биде Аргентина.

Заедно со него од клубот си замина и Ричард Врајт.

38-годишниот голман одлучи да се пензионира. Интересно е дека четири години беше во Сити, но ниту еднаш не бранеше.

Има брането 2 пати за репрезентацијата на Англија, беше голман и на Ипсвич, Евертон и Арсенал.