Две муви со еден удар! Челси купи стопер и му ја расипа работата на Мурињо?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Понуда отиде во Париз, но Челси беше побрз, па Јунајтед остана без посакуваното засилување.

Мурињо и понатака бара стопер, англиските медиуми шпекулираат дека денеска понуда стигнала за Маркињос, стоперот на Пари Сен Жермен.

Наводно Јунајтед беше спремен да плати 60 милиони за Бразилецот, но доцна. ПСЖ веќе го договори трансферот на Луиз во Челси, па одбиле да преговараат, сега Маркињос ќе биде стартер со Тиаго Силва.

Сега Мурињо остана без посакуваното засилување, не успеа да го продаде Рохо, преодниот рок влегува во последните часови, навивачите чекаат што ќе биде со Маркињос од Монако, но Ѓаволите се невобичаено тивки, и кога се во прашање заминувања од клубот во прашање.

Да потсетиме, се зборува дека Мурињо сака да се ослободи од петмина, Керик, Депај, Рохо, Џонс и Дармијан, со цле во клубот да ги доведе Фонте и Фабињо, но засега нема индикации дека некој од споменатите двајца ќе дојде од клубот.