Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на тренинзи оваа недела, откако минатата недела беа тестирани за коронавирус.
Еден Азар, кој се опорави од незгодната повреда на зглобот, исто така тренира во Валдебабас и ќе биде подготвен за крајот на сезоната, што секако е охрабрувачка вест за популарните Кралеви.
Реал Мадрид објави видео од тренингот, а навивачите не го пропуштија начинот на кој тренира Азар. Белгиецот вежба водење на топката помеѓу чуневите и шутирањето кон голот го прави исклучително бавно.
Со оглед на тоа што го краси експлозивност и брзи дриблинзи, многумина беа изненадени кога видоа дека фантастичниот офанзивен играч делува многу бавно.
Сепак, претпазливоста на Азар треба да се разбере на некој начин, со оглед дека тој штотуку се врати од сериозна повреда и ќе му треба некое време за тој да се врати во својата препознатлива форма по пауза од неколку месеци.