Еден од најталентираните бразилци доаѓа во Лестер?

Според медиумите во Британија, Лестер понудил 23.2 милиони фунти за играшот на Сантос, Габриел Барбоса, познат во фудбалскиот свет како „Габигол„

Барбоса веќе долго време е на мета на Интер и Јувентус а и самиот изјави дека повеќе би сакал кариерата да ја продолжи во Торино.

Сега и Лестер загризува за Барбоса, Лестер прави тим и се спрема за Премиер Лигата која започнува викендов како и за првата сезона во Лигата на Шампиони за Лестер.

Габигол би бил одлично засилување за тимот на Раниери.

Тој од почетокот на кариерата е во Сантос, а многу му го даваат и надимакот „новиот Нејмар„. За Сантос одигра 152 натпревари и постигна 56 голови.

Одигра и четири натпревари за националниот тим, а на два пати беше и запишан во листата на стрелци. Моментално е со својот Бразил на ОИ во Рио.