Еден потег го откри освојувачот на „Златната топка“?!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Доколку поразот од Челзи во финалето на Светското првенство за клубови кај некои остави сомнеж, Суперкупот на Европа ги расчисти сите дилеми – Усман Дембеле е главниот кандидат за „Златната топка“.

Пет минути пред крајот, ПСЖ беше на раб на пораз, но потоа се врати со голови на резервите Кан-Ин Ли и Гонсало Рамос. Иако не постигна гол, Усман Дембеле беше избран за играч на натпреварот, бидејќи повторно беше најопасниот на теренот. Во надополнувањето, со мајсторски потег го пронајде Рамос за израмнување на 2:2 и однесување на натпреварот во пенал серија.

Од белата точка исто така беше прецизен, што го одведе неговиот тим до нов трофеј оваа сезона.

ПСЖ и Дембеле оваа година ги освоија – Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција и сега Суперкупот на Европа.

Дембеле минатата сезона постигна 35 гола и додаде 16 асистенции во 53 натпревари, а на тоа ја додаде и партијата на МВП против Тотенхем.

Дали е дебатата за „Златната топка“ со ова завршена?