Елези го напушти Бохум и замина на позајмица


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Агон Елези својата кариера ја продолжува во екипата на Горица од хрватската фудбалска лига.

Тој доаѓа во Горица како фудбалер на позајмица од Бохум каде не го постигна очекуваниот успех.

Пред неговото преминување во Германија, Елези цели три и пол години беше дел од тимот на Вараждин.

Во текот на неговата кариера, 23-годишниот Елези играше и за екипите Шкупи, Велазерими и Скендербеу од Албанија.