Eмоциите го совладаа, Салах заплака пред навивачите на Ливерпул (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Египетскиот фудбалер Мохамед Салах не успеа да ги сокрие своите чувства по триумфот на неговиот Ливерпул над Борнмут со резултат 4:2 во првото коло од новата сезона на англиската Премиер лига.

Натпреварот меѓу Ливерпул и Борнмут беше вистинска фудбалска претстава на теренот. Сепак, емоциите беа високи од почетокот до крајот, а сѐ беше посветено на Диого Жота, фудбалерот од Ливерпул кој загина во сообраќајна несреќа минатиот месец.

Неговиот голем пријател и долгогодишен напаѓачки партнер во Ливерпул, Мохамед Салах, тешко ги поднесуваше тие емоции.

Во текот на целиот натпревар беше видливо потресен, постигна гол и го посвети на Жота со типична прослава за португалецот, а после натпреварот се расплака како дете.