Епско финале на УС Опен: Тим испишува нови страници на тениската историја!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Доминик Тим е победник на УС Опен откако по пресврт успеа да го победи Александар Зверев со 3:2 во сетови. Беше 1:6, 4:6, 6:4, 6:3, 7:6 и така австрискиот тенисер стигна до својот прв грен слем.

Зверев се движеше кон својата прва победа на Грен слем турнирите, Германецот имаше 2-0 во сетови, направи брејк и во третиот сет, но следеше ментален колапс, па Тим со нетрпение го чекаше тоа на крајот.

Австриецот направи брејк во четвртиот гем од третиот сет, за истиот да го повтори во десеттиот за 6:4 и да го намали резултатот. После тоа, започнува големиот пресврт.

Во четвртиот сет и двајцата тенисери беа сигурни во својот сервис, а клучниот брејк Тим го направи во осмиот гем, отиде на 5:3 и во следниот сет го потврди својот сервис со 2:2 во сетови.

Решавачкиот сет беше драматичен. Започна со брејкови од двете страни. Зверев повторно го одзеде сервисот на Тим и отиде на 5:3, но Австриецот се врати со два брејка и поведе со 6:5, но го загуби гемот кога сервираше за победа.

Победникот беше решен со тај-брејк во кој Тием беше повешт. Во 13-от гем беше 8:6 за Австриецот кој стана првиот тенисер во историјата со освојување на Грен слем турнир откако заостануваше 0:2 во сетови.