Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Крилниот фудбалер е најновата инвестиција на каталонскиот клуб.
Еспањол сериозно се спрема за следната сезона.
Стигнаа голманот Роберто, Лео Баптистао од Атлетико Мадрид, искусниот Хозе Антонио Рејес, од Вотфорд стигна Хозе Мануел Хурадо, а на клупата е Кике Санчез Флорес.
Сега клубот се засили со фудбалерот на Валенсија, Пабло Пјати.
Тој стигна на 1-годишна позајмица, но Еспањол ќе може да го откупи договорот.
Аргентинецот со шпански пасош кариерата ја почна во Естудијантес, а во Шпанија за прв пат заигра за Алмерија.
Тука се задржа три години и се пресели на Местаља.
Во дресот на лилјаците на 110 натпревари во Примера постигна 15 погодоци.