Еве ги 11-те фудбалери кои ги продаде Саутемптон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Саутемптон продолжи со одличната работа во последните неколку години.

Светците секое лето ги продаваат своите најдобри фудбалери, заработуваат огромни пари, но повторно за малку пари прават тим кој се бори за место во Европа.

Садио Мане потпиша за Ливерпул, а тој беше 5 фудбалер кој се пресели на Енфилд од Саутемптон после Дејан Ловрен, Натаниел Клајн, Адам Лалана и Рики Ламберт.

Во последните две години заедно со нив заминаа Артур Боруч во Борнмут, Калум Чемберс во Арсенал, Лук Шо во Манчестер Јунајтед, Морган Шнајдерлин во Манчестер Јунајтед, Виктор Ванјама во Тотенхем и Панчеон во Кристал Палас.

На сето тоа не треба да заборавиме дека на клупата на Саутемптон имаше двајца одлични менаџери, Маурусијо Покетино и Роналд Куман кој сега се на клупите на Тотенхем и Евертон.

За овие 11 фудбалери Саутемптон заработи над 200 милиони евра.