Евертон го претстави засилувањето од Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон вечерва го потврди трансферот на Португалецот Андре Гомес од Барселона.

Гомес играше во Евертон како позајмен играч од Барса, а сега тимот од Гудисон Парк одлучи да го откупи.

Овој везен е платен 25 милиони евра и во Евертон веруваат дека е играч кој на долги стази ќе биде корисен за нив.

25 годишниот Португалец во Барселона стигна 2016. година од Валенсија, а потоја беше позајмен на Евертон. Во Англија одигра 27 мечеви минатата сезона и постигна еден гол.

Пред Валенсија беше член на Бенфика каде и созреа, иако ја помина младинската школа на Порто.