ФА го обвини Билиќ за непримерно однесување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Вест Бромвич Албион, Славен Билиќ е обвинет за непримерно однесување за време на саботниот натпревар во англискиот фудбалски шампионат, во кој неговиот тим беше поразен од Евертон со 5-2, објави во вторникот Англиската фудбалска асоцијација (ФА).

„Наведено е дека јазикот и / или однесувањето на менаџерот на Вест Бромвич Албион на теренот, на полувремето од натпреварот во Премиерлигата против Евертон на 19. септември 2020. година, може да се квалификува како непримерно“, рече портпаролот на ФА во изјавата објавена на Твитер.

Судијата Мајк Дин му покажа црвен картон на поранешниот хрватски селектор на полувремето, откако 52-годишниот Билиќ се пожали на исклучувањето на дефанзивецот Киран Гибс, кој го турна играчот за врска на Евертон, Џејмс Родригез и го погоди во лице. Славен Билиќ мора да се жали на обвинението до четврток. Доколку Билиќ се изјасни за виновен, прописите на ФА пропишуваат парична казна од 8.000 фунти и еден натпревар за суспензија за такво дело. Во случај Билиќ да го оспори обвинението против него и да биде прогласен за виновен, тој ќе мора да плати казна од 12.000 фунти и нема да смее да седи на клупата на два натпревари.