Фабрегас е на чекор од голем трансфер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси синоќа славеа победа во првото коло од Премиер лигата против Вест Хем на домашен терен со 2:1.

Новиот тренер на Сините Антонио Конте се одлучи да ги изненади навивачите на Челси така што пред почетокот на мечот го остави на клупа Фабрегас, т.е воопшто не го внесе во игра.

Како секогаш за се постои причина, така и за оваа одлука на Конте постои.

Имено, Фабрегас е на излезните врати на клубот, а како што пренесуваат англиските медиуми, не оди било каде веќе во Реал Мадрид.

Наводно претставниците на Фабрегас контактирале со претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез околу трансфер на и преговорите се во тек.

Порано се споменуваше и Јувентус, но моментално се чини дека трансфер во Реал е реална опција.