Фантастичен роденденски поклон, Алкасер го засили нападот на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот клуб потврди.

Барселона потврди дека Пако Алкасер е нов фудбалер.

Тој потпиша 5-годишен договор, а на сајтот на клубот е потврдена сумата од 30 милиони евра.

Откупната клаузула е 100 милиони евра, а интересно е дека денес шпанскиот репрезентативец наполни 23 години и дека фудбалерите на црвената фурија на тренингот го пречекаа со аплауз.

Доаѓањето на Пако Алкасер значи и заминување на Мунир Ел Хадади во Валенсија на 1-годишна позајмица после која лилјаците ќе можат да го откупат за сума помеѓу 12 и 16 милиони евра.