Фенербахче засекогаш ја затвори вратата на Кантер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот и европскиот кошаркарски гигант Фенербахче засекогаш ја затворија вратата на Енес Кантер, а не се чекаше многу на одговор од познатиот кошаркар.

Кантер претходно изјави дека во случај на враќање во Турција би заиграл во дресот на Фенербахче, а клубот од Истанбул ја затвори вратата на овој кошаркар со изјава.

“Би сакале да објавиме дека како клуб немаме никакви односи со Енес Кантер, личност која е поврзана со терористички организации и чие однесување е добро познато на нашето општество. Затоа, сакаме да повториме уште еднаш: ‘Вратите на овој клуб се затворени засекогаш за луѓе како него “, се вели во соопштението.

Не му требаше на Кантер долго да реагира. Во кус одговор, тој рече да не дојде во Фенер бидејќи тој клуб сигурно нема доволно пари за да го купи.

„Не е важно, тие сигурно не можат да ме платат. Јас не доаѓам“, рече Кантер.

Патем, на ова претходеше изјавата на 28-годишниот кошаркар од Бостон дека на турските играчи им е забрането да зборуваат со него.