ФФМ И УЕФА заеднички организатори на регионална конференција за безбедност и пиротехника


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во организација на Европската фудбалска федерација и Фудбалската федерација на Македонија, во Скопје се одржува првата Регионална конференција за пиротехника.

Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со УЕФА работи на неколку важни проекти кои треба да придонесат за дополнителен развој на фудбалот во нашата земја.

Во присуство на 120. учесници, во хотелот „Хилтон“ беше одржата првата конференција за безбедност и пиротехника во регионот. Меѓу нив и предавачи интернационални експерти на темата кои ќе го пренесат своето знаење и искуство на присутните гости од нашата држава и Асоцијациите од регионот, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Специјален гостин беше членот на Извршниот комитет на УЕФА, Михаел Ван Праг.

„Во име на УЕФА и нашиот претседател, Александар Чеферин изразувам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за заедничкото организирање на оваа важна конференција. Нашата одговорност е да се обидеме да најдеме правилен метод за соочување и справување со овие проблеми, бидејќи голема е загриженоста од зголемувањето на нивото на инциденти на фудбалските натпревари, а безбедноста на навивачите и љубителите на фудбалот секогаш е на прво место. Ние знаеме дека секоја држава или федерација на различен начин се справува со овие предизвици и драго ни е што денеска и утре ќе ги слушнеме и размениме методите кои во иднина можат да ни бидат од заедничка корист“, изјави високиот гостин на УЕФА.