Финалето на Кралскиот Куп ќе се игра во Севилја


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стадионот „Ла Картуџа“ ќе биде домаќин на годинешното финале на шпанскиот Кралски Куп, кое ќе се игра на 18 април.

Сепак, денес е потврдено дека наредните четири финалиња на Купот на шпанскиот крал ќе се играат на вториот по големина стадион во Андалузија (шести во цела Шпанија).

Патем, Ла Картуџа е стадион изграден за Светскиот куп во атлетика во 1999 година со капацитет од околу 57.000 места.

Во последно време на фудбалскиот стадион не се играше често заради „чудната“ локација, но се користеше за тенис – така Ла Картуџа беше домаќин на финалето на Дејвис Купот во 2004 и 2011 година.

Минатогодишното финале на Купот на кралот се играше и во Севилја, но на теренот на Бетис – Бенито Виламарин.