ФК Шкендија: Имаше фашистичко навивање во дербито!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Раководството на Шкендија преку соопштение до јавноста го осуди навивањето од трибините за време на големото дерби против Вардар, нарекувајќи ги навивачите на „црвено-црните“, скитници таканаречени “Комити”.

Соопштението на ФК Шкендија, клубот кој во вчерашното дерби беше декласиран со 3-0 од Вардар, го пренесуваме во целост.

Фудбалскиот клуб Шкендија ја изразува својата огорченост и воедно изјавува жалба до Фудбалската федерација на Македонија која преку делегатот (како официјален претставник на ФФМ за натпреварот задолжен директно за примена на прописите на ФФМ на натпреварот, во прв ред одредбите од правилникот за натпреварување) испратен за дерби натпреварот од второто кола на Првата Лига на Македонија, ФК Вардар – ФК Шкендија, Васко Кантарџиев од Струмица дозволија продолжување на натпреварот и покрај тоа што од трибините цело време се скандираа дискриминаторски слогани и навреди во клеветнички манир врз основа на етничко потекло и национална основа (прекршок утврден со Дисциплинскиот правилник на ФФМ и Правилникот за натпреварување на ФФМ).

Ситуацијата дополнително ја влошува и и дава голема тежина фактот дека сето ова се случуваше пред очите на комесарот за натпревари на ФФМ, кој исто така не процени барем за момент да побара да се прекинат навредувачките повици, потоа следствено празнење на трибината и во краен случај прекин на натпреварот со што истиот ќе се одигра наредниот ден без присуство на публика, како што налага членот 89 од Правилникот за натпревари. (Цитирам: Член 89: Во случај на грубо, вулгарно и непристојно скандирање на гледачите и подржувачите, како и истакнување пароли со неспортска и непристојна содржина, поради што натпреварот е прекинат по барање на делегатот на натпреварот, натпреварот ќе се одигра во рок од 24 часа без присуство на гледачи; Екипата чии подржувачи се одговорни за прекинот одговара согласно одредбите на дисциплинскиот правилник на ФФМ).

Иако и двајцата членови на ФФМ, делегатот и комесарот несовесно извршувајќи ги своите службените задачи и обврски, иако по службена дожност беа должни да го сторат ова и да превземат мерки кои по службена должност морааа да ги превземат, тие него сторија тоа (несторување). Покрај два-три пати во текот на целиот натпревар кога преку официјалниот спикер се побара коректно навивање, делегатот со ништо не се ангажираше да се прекинат националистичките скадирања. Ние како клуб се чувствуваме директно погодени од оваа ситуација и итно бараме од ФФМ да ги разгледа овие настани и други слични и да превземе соодветни мерки, односно иницира дисциплински постапки против прекршителите на прописите домашниот клуб (ФК Вардар е одговорен за однесувањето на своите навивачи) за слаба организација и недостиг на минимум услови за фер игра во согласност со прописите на ФФМ и стандардите на УЕФА и ФИФА. Исто така и службените лица, делегатот на натпреварот за несовесно вршење на службата.

Ако Фудбалската Федерација на Македонија не превземе сега сериозни казнени мерки, директно ќе придонесе кон стимулирање и продолжување на ваквите случаи, за жал од страна не само на насилници и хулигани кои го поддржуваа домашниот тим на натпреварот одигран во неделата, туку и другиот дел на публиката која со ништо во неделата не се разликувааше со хулиганите. Навредите и националистичките скандирања и комплетниот материјал кој го докажува фашистичкото однесувањето на хулиганите-скитници така наречени “Комити”, но исто така и на другиот дел на публиката ќе бидат доставени до УЕФА, како доказ за немање минимални услови за нормално одигрување на еден фудбалски натпревар! Имајќи предвид дека согласно регулативата на УЕФА ваквиот вид на прекршоци најстрого се санкционира без никаква толеранција.

Во исто време, албанските клубови ќе бидат принудени да го преиспитаат својот статус, ако Фудбалска Федерација на Македонија дозволува и поттикнува двојни стандарди во продолжението на овој шампионат. Во неделата некој со целиот арсенал ги навредуваше Албанците, а ФФМ со неангажирањето за престанок на расистичките скандирања, станува соучесник во ваквото делување, директно предизвикувајќи гнев, омраза и подготвеност за одмазда, за која подоцна ние како клуб плаќаме големи парични казни. Со оваа реакција воопшто не бараме алиби за слабата игра на нашиот тим (за која беше објавен како извештај веднаш по натпреварот), но секако дека овие националистички, навредливи, клеветнички и шовинистички скандирања влијаат директно де-мотивирачки на фудбалерите во текот на натпреварот како во пристапот во играта така и загрозување на личниот морален човечки интегритет и достоинство.

ФК ШКЕНДИЈА
15/08/2016 – Тетово