Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на боксот, Флојд Мејведер, наводно се враќа во рингот во навистина сензационален меч.
Флојд ја заврши својата професионална кариера во 2017. година по победата над Конор МекГрегор, но тој секогаш истакнуваше дека во случај на добра понуда за егзибициски натпревар, тој ќе се врати во рингот.
Тој го направи тоа во декември 2018. година кога го победи јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава за 10 милиони долари, а сега може да биде во ринг со ѕвездата на Јутјуб, Логан Пол.
A contract has been signed and the fight is happening@FloydMayweather vs @LoganPaul #PatMcAfeeShowLIVE pic.twitter.com/b3MwBzW0fR
— Pat McAfee (@PatMcAfeeShow) September 16, 2020
“Флојд Мејведер се врати. Тој потпиша договор за егзибиционен натпревар против ѕвездата на Јутјуб, Логан Пол”, изјави Мајк Фајнберг од Фајтинг Њуз.
Логан Пол веќе еднаш се обиде во рингот. Тоа беше натпревар против друга ѕвезда на Јутуб, КСИ, и тој го загуби со одлука на судиите по шест рунди.
“Тој ќе се бори со еден од најдобрите во светот. Борбата за Флојд ќе биде шега, но е потпишана”, рече Фајнберг.
Mayweather vs Logan Paul this year!
— KEEM ? (@KEEMSTAR) September 16, 2020
No joke… that’s boxing insider just told me… pic.twitter.com/uh2UW9Wkdo
Нема сомнение дека исплатата на овој натпревар ќе биде огромна, бидејќи Флојд прифаќа само такви борби.