Флорентино му мавта на Погба! Реал се насочи кон опциите Б и Ц


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мадриѓани утре тргнуваат во реализација на една од преостанатите варијанти.

Реал Мадрид и понатаму работи далеку за трансферот на Пол Погба, но најверојатно на сите во клубот им стана јасно дека битката со Манчестер Јунајтед е изгубена.

Марка и денес пишува за цифрата која Реал е спремен да ја издвои, се пишува и за влијанието на Зинедин Зидан на целата работа, но исто така се пишува и за алтернативите ако е точно дека францускиот фудбалер се договорил со Јунајтед.

 

Реал мора да се засили ова лето во средниот ред. Ако не биде тоа Пол Погба, тогаш ќе биде Муса Сисоко од Њукасл. Истиот извор дека мадриѓани имаат опција Б и опција Ц, но дека варијантата Б со Сисоко е поизвесна отколку варијантата Ц во која спаѓа Марко Верати од ПСЖ.

На Марка се надоврза и Телеграф кој тврди дека Реал во секој момент ќе испрати официјална понуда за Муса Сисоко ако Манчестер Јунајтед соопшти дека Пол Погба е нивни фудбалер. Понудата најверојатно ќе изнесува 35 милиони евра и Њукасл нема да може да каже НЕ.

Опцијата Ц е помалку веројатна. Марко Верати има силен договор со ПСЖ, а од Париз си замина Ибрахимовиќ и заминување на уште една ѕвезда делува неверојатно. Цената се разбира дека ќе биде повисока од онаа на Сисоко.

Било како било, Марка соопшти и дека Реал сигурно ќе реализира една од трите опции бидејќи во 2017-та година го чека забрана за трансфери.