Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид веќе некое време го има како трансфер цел францускиот вундеркид Едуардо Камавинга и тоа не го крие.
Кралскиот клуб по пишувањето на шпански АС пратил два свои скаути да го гледаат 17-годишниот играч на Рен на мечот против Амиен минатиот месец.
Камавинга и покрај тоа што има 17 години е стандарден член на францускиот клуб оваа година и запиша 23 настапи во сите натпреварувања на кои постигна еден гол.
Минатиот месец француски Л’Екип извести дека Рен поставил цена од 60 милиони евра за Камавинга иако самиот не сака да го напушти клубот.
Сега шпански Мундо Депортиво пишува дека претседателот на Реал, Флорентино Перез е бесен на агентот на младиот играч.
Во Реал не се среќни поради постојани поврзувања на играчот со овој клуб бидејќи тоа доаѓа од неговиот агент поради кој неговата цена се зголемила на 100 милиони евра и во Кралскиот клуб сметаат дека тоа e превисока цена.
Едуардо Камавинга е роден во Ангола, но се преселил во Франција кога имал четири години, а неодамна доби и државјанство на Франција. Играчот на Рен важи за еден од најголемите светски таленти во фудбалот.