Фонсека: Горд сум на тоа како реагираа играчите по 0:2


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома синоќа е поразена на домашен терен од Јувентус со 2:1 во дербито на 19. коло на Серија А.

После пет години, Волчицата беше поразена на домашен терен од Старата дама иако тие веруваа до последен момент дека можат да стигнат до реми. Јуве реши сè во првите десет минути со головите на Демирал и Роналдо.

Рома успеа да се врати во второто полувреме, кога од пенал го намали Пероти на 1:2, но не можеа да направат повеќе од тоа. Но, тренерот на Паоло Фонсека беше горд на своите играчи по натпреварот.

“Му поклонивме голови на Јувентус многу рано, но после тоа одигравме навистина добро. Тешко беше да ги свртиме работите во наша полза откако намаливме на 1:2, но дадовме се од себе. Горд сум на тоа како играчите реагираа по двата рани гола и се трудеа се до крај “, рече Фонсека, додавајќи.

„Ние изгледавме добро на теренот по тој втор гол на Јувентус и тоа е фудбалот што сакам да го гледам од мојот тим. Грешки им се случуваат на сите и не сакам да обвинувам никого.