Фонсека: Овој стил на игра е идеален за Џеко

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека можеше да биде многу задоволен после вчерашната победа на неговиот тим против Басаксехир во рамките на Лига Европа.

Римјаните славеа со резултат од убедливи 4:0, а еден од головите го постигна и капитенот на босанската репрезентација Един Џеко.

Џеко продолжи со неверојатните натпревари во оваа сезона, а тренерот Фонсека вели дека неговиот стил на игра е идеален за напаѓачи како што е тој.

„Разговарав со Џеко за време на припремните натпревари и му дадов до знаење дека овој стил на игра е идеален за него“, порача Фонсека после натпреварот.

Тој исто така се наврати на одличната форма на својот тим велејќи дека него и на неговиот тим многу им бил важен натпреварот против Лацио во 2. Коло од Серијата А.

„Натпреварот против Лацио е многу важен за нас, би ни помогнал да сфатиме што правиме погрешно, а на тој натпревар направивме многу грешки. Разговаравме после натпреварот и им реков на играчите дека мораат да бидат повеќе агресивни, да држат контрола над топката и мојот тим тоа го научи“, изјави младиот стручњак.

Рома е во низа од две победи бидејќи пред Басаксехир го порази Сасуоло на домашен терен со резултат од 4:2. Во наредниот натпревар за викенд гостуваат кај Болоља.