(ФОТО) Огромен пропуст на Конами: Во најавата за новата ПЕС, тие го открија големото засилување на Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познато е дека Арсенал е партнер со Pro Evolution Soccer, и дека тие имаат ексклузивни права на сите материјали кога станува збор за овој клуб.

Конами објави трејлер за новата ПЕС 21, и токму тука направија голема „грешка“, затоа што тие претставија новото засилување за Арсенал.

Тимот кој го предводи Микел Артета е во преговори со Вилијан, кој треба да дојде во Арсенал како слободен агент.

Наводно целата работа ќе биде решена до крајот на неделава, а Конами објави видео од седум секунди во кое се прикажува Вилијан.

Сè се појави на Твитер, а потоа побрзо, подобро избришано, но секако залудно.

Корисниците на Твитер веднаш го снимија видеото, а се појави во голем број медиуми во Англија.

Се чини дека пристигнувањето на Вилијан во Арсенал е завршена зделка, и останува само прашање на време пред фудбалерот да потпише договор со неговиот нов клуб.