(ФОТО) Жално беше да се гледа Икер Касиљас: Тој се би дал да игра за последен пат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Икер Касиљас доживеа срцев удар на тренингот на Порто пред нешто повеќе од една година.

Тоа го принуди познатиот голман да стави крај на кариерата, но никој не помисли да го остави надвор од прославата на титулата, затоа што тој сè уште е член на клубот.

Касиљас беше на теренот да ја прослави титулата со остатокот од тимот, а неговата реакција беше многу емотивна.

„Не сум бил на теренот за 14 месеци. Јас сум возбуден поради тоа“, рече Касиљас и додаде дека би сакал веднаш да се врати на теренот.

Касиљас стана идол на навивачите на Порто. Неговите одбрани ќе бидат запаметени и навистина е штета што поради здравјето мораше да ја заврши кариерата порано отколку што очекуваше.