Фотографија од Џеко и Де Роси најдобро ја отсликува моменталната ситуација во Рома


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Рома оваа сезона се наоѓа во голема резултатска криза и сигурно е едно од најголемите неугодни изненадувања во досегашната сезона.

Волчицата минатата година стигна дури до полуфиналето од ЛШ каде што ја исфрлија и Барса, но оваа година едноставно не личат на себе.

Најпрво отказ доби тренерот Ди Франческо, а ист ден си замина и спортскиот директор Мончи кој требаше да направи чудо во Рома, но на крај се случи спротивното.

Во Рома ќе пробаат да изборат учество во ЛШ, но се чини дека и тоа ќе биде тешко.

Сигурно играчите едвај чекаат да заврши сезоната со цел да се консолидираат редовите и да се направат потребните промени.

Римскиот клуб синоќа одигра 2-2 против Фиорентина и веќе три меча по ред нема победа.

Во голема голгетерска криза е и Един Џеко кој веројатно е еден од најголемите проблеми за Рома. Тој синоќа не ни постигна гол, а после мечот само седеше на теренот и се чудеше на сето тоа што се случува.

Но, капитенот на Рома, Даниеле Де Роси, му пријде и му пружи рака, а фотографите тоа го забележаа.

Навивачите посебно беа воодушевени од Де Роси, чиј однос спрема дресот на Рома е неверојатен.