Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона се вратија на тренинзи по неколку дена одмор за новогодишните празници.
Меѓутоа, Барселона во сабота го очекува градското дерби против Еспањол и екипата веќе ги започна припремите за овој натпревар. Неколку играчи на Барселона добија нешто подолг одмор, а меѓу нив е и Лионел Меси.
Меси неколку денови помина во родниот Росаиро со семејството, но вредно работеше во теретана за да ја одржува формата за продолжение на сезоната.
На друштвените мрежи се појави фотографија со тренингот на Меси која ги воодушеви сите. Имено, Меси тренира и ги гледа моментите од минатиот натпревар за да ги забележи грешките во движењето и пропустите кои ги има во својата игра.
Очигледно е дека најдобриот фудбалер на светот е посветен на вториот дел на сезоната, а главна цел на Барселона ќе биде освојување на Лига на шампионите.