Францускиот клуб го потврди трансферот на напаѓачот од Милан

Напаѓачот на Милан, Жереми Менез кариерата ќе ја продолжи во Франција.

Францускиот фудбалер се враќа во татковината. Тој ги договори сите услови со Бордо и сега остана само да потпише договор.

Менез е вишок на Сан Сиро, а сега имаше желба да се врати во Франција каде пред да стигне во Милан играше во ПСЖ.

„Бордо постигна договор со Жереми Менез“, соопштија од Бордо.

29-годишниот постигна 16 погодоци во својата прва сезона на Сан Сиро.