Фудбалер на Реал ја заврши кариерата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во прашање се здравствени проблеми.

Лукас Силва ја заврши својата фудбалска кариера!

Ова момче има само 23 години и требаше денеска да парифира договор за едногодишна позајмица со лисабонски Спортинг.

Сепак, кога на ред стигнаа медицинските прегледи, дојде до загрижувачко откритие.

Прегледите покажаа дека Силва има срцеви проблеми и дека нема да може да  продолжи со професионално занимавање со фудбал!

Се потврди и самиот фудбалер, по пат на својот Инстаграм профил.

„Беше добра борба, сега ја завршив својата кариера но ќе продолжам да верувам“, напиша младиот Бразилец.

Тој во редовите на мадридски Реал стигна пред околу година и пол за сума од 14 милиони евра. Дојде од Крузерио, каде што беше сметан за еден од најголемите светски таленти.