Фудбалер на Торино е позитивен на коронавирус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако беа извршени првите тестови на фудбалерите на коронавирусот, за да можат да се вратат на тренинзите, од Торино дојдоа лоши вести.

Имено, еден од фудбалерите што не сакаа да го именуваат од клубот бил позитивен за коронавирус, а тој ќе биде сместен во изолација.

Управата на лигата одобрија индивидуални тренинзи, а колективниот тренинг се очекува да започне наскоро.

Сепак, играчите и стручниот штаб на тимот мораат да бидат тестирани за коронавирус, па еден од играчите на Торино е позитивен.

Торино потврди дека нема симптоми, дека се чувствува добро, но дека веднаш бил ставен во изолација.

“По тестовите, еден од нашите играчи е тестиран и е позитивен на коронавирусот. Тој нема никакви симптоми, но тој веднаш беше ставен во изолација и лекарите ќе ја следат неговата состојба”, се вели во изјавата на Торино.