Фудбалерите на Сосиедад ги воодушевија сите: Воведоа посебна тактика за слободниот удар на Меси (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона во саботата го победи Реал Сосиедад (1-0) по многу тежок натпревар и се врати на лидерската позиција во Ла Лига.

Каталонците успеаја некако да дојдат до три бода пред своите навивачи во 81. минута кога судијата свирна пенал по асистенцијата на ВАР. Одговорноста ја презеде Лионел Меси кој погоди за 1-0.

Домашната екипа имаше неколку големи шанси на овој натпревар, но на крајот дојдоа до три бода потешко од очекуваното. Гостите беа најконцентрирани во запирањето на Лионел Меси, и до одреден степен успеаја.

Познато е дека Меси слободните удари ги изведува како пенал, а за тоа фудбалерите на Сосиедад имаа неверојатна тактика. Многу играчи не беа во живиот ѕид, а останатите беа распоредени пред голот, за Меси да нема многу простор да постигне гол.

Оваа тактика се исплатеше откако Меси погоди еден играч пред голот на Сосиедад. Ќе биде интересно да се види дали другите клубови ќе ја „украдат“ оваа тактика.