Фудбалерот на Атлетико Мадрид сега е негативен на Ковид 19, денес се враќа на тренинзите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Левиот бек на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди може да се врати на тренинзите со неговиот тим, бидејќи новиот тест на Ковид 19 покажа дека е негативен.

Да потсетиме, овој фудбалер имаше позитивен тест на Ковид 19 пред неколку дена и не доби зелено светло за да се врати на тренинзите.

Среќата во целата приказна беше во тоа што тој немаше контакт со другите соиграчи за да можат да започнат индивидуални тренинзи после две месеци пауза.

Патем, Лоди тогаш рече дека ги чувствува симптомите на Ковид и дека не е изненаден што е позитивен.

Новиот тест за среќа покажа дека болеста помина и младиот лев бек денес може да им се придружи на другите соиграчи и да започне со индивидуални тренинзи.

Инаку, групните тренинзи во Ла Лига ќе започне следната недела, а лигата треба да продолжи на почетокот на следниот месец.

Покрај Лоди, коронавирусот беше пронајден на тестови кај уште неколку фудбалери на Ла Лига, но имињата останаа тајни.

Атлетико беше на 6-то место пред паузата со 45 бодови.