Фудбалерот на Реал Мадрид пред трансфер во Бешикташ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лукас Васкез е на чекор од продолжување на својата кариера во Турција.

Познатиот 34-годишен играч на Реал Мадрид, според шпанските медиуми, е потенцијално засилување на Бешикташ.

Преговорите се во застој поради времетраењето на договорот. Турските клубски челници нудат едногодишен договор, додека Васкез и неговите агенти бараат дво- или тригодишна соработка.

Изминатата сезона Васкез одигра 32 натпревара за Реал Мадрид. Тој е производ на академијата на „кралскиот“ клуб и го носи дресот од 2007 година. Четирикратен шампион на Шпанија и петпати освојувач на Лигата на шампионите со Мадриѓаните.