Фудбалските легенди на Бугарија ќе помагаат на жртвите во Кочани


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Легендите на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков, Борислав Михајлов и Красмир Балаков, ќе бидат активни во помагањето на жртвите од пожарот во Кочани преку нивната фондација „Национали94“.

Фудбалерите, кои учествуваа за Бугарија на Светското првенство во 1994, преку фондацијата ќе соберат и донираат финансиски средства.

„За трагедија нема датум и време. По тоа остануваат само солзи и голема болка. Ние како фондација „Национали94“ сакаме да изразиме сочувство до загинатите. Фудбалот не спријатели со луѓе од Македонија и важно е во овој момент да ја дадеме нашата поддршка“, соопштија од фондацијата.