Фукс става крај на репрезентативната кариера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Лестер Сити, Кристијан Фукс, објави дека повеќе нема да настапува за Австрија.

Капитенот на Австрија ваквата одлука ја донесее откако неговата селекција не успеа да ја помине групната фаза на Европското првенство во Франција.

Дефанзивецот на Лестер одлуката ја соопшти преку Фејсбук, па сега тој ќе се фокусира на настапите за англискиот шампион.
Фукс во дресот на Австрија запиша 78 настапи.

“Натпреварот против Исланд е мој последен во црвениот дрес. Горд сум на изминатите 10 години, давав се од себе за националниот тим”– сооптши Фукс кој во Лестер пристигна минатата година од редовите на Шалке.