Габриел Хесус го дигна гласот: Ова ми е трета сезона и нема веќе да седам на клупата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Габриел Хесус стана еден од оние кои се незадоволни во Манчестер Сити и одлучи за тоа јавно да прокоментира.

Хесус во редовите на Граѓаните стигна во јануари 2017. година и од тогаш повеќе време поминува на клупата отколку на теренот, а оваа сезона тој сака тоа да се промени, како што кажува, тој повеќе не може да чека.

Проблем му претставува тоа што на неговата позиција игра еден од најдобрите светски напаѓачи, Серхио Агуеро, кој е многу подобар играч од Хесус и не е така лесно да го тргнат од првиот состав.

„Преминав во онаа фаза каде што морам да ја чекам својата прилика. Ова ми е трета сезона во Сити и сакам повеќе да играм. Изминатата сезона ми беше многу тешка бидејќи не играв на клучните натпревари. Посебно ми падна тешко кога бевме елиминирани од Тотенхем и отпаднавме од Лигата на Шампионите, а јас немав прилика да играм на тие големи натпревари. Ме боли кога нема да добијам прилика и мислам дека тоа е нормално ако си професионален фудбалер и ако сакаш да играш. Бев многу вознемирен, но ја разбирам одлуката на тренерот“, изјавува Хесус.
Подоцна призна дека со Агуеро е тешко да се бори:

„Многу е тешко да се бориш со Агуеро за место во првиот тим, но тоа е добро за сите нас. Кога тој игра добро, Сити игра добро. Јасно ми е зошто Пеп го форсира. Разликата е кога седиш на клупата бидејќи не играш добро и кога седиш на клупата бидејќи некој игра подобро од тебе. Агуеро е фантастичен и поради тоа ја разбирам целата ситуација. Но, да, посакувам повеќе да играм“, препорачува Бразилецот.

Овој 22-годишен напаѓач во текот на оваа сезона одигра шест натпревари и постигна три погодоци проследени со една асистенција.