Гајети планира „зона на смрттта“ за Кабиб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кабиб Нурмагомедов и Џастин Гајети ќе бидат во октагонот за нешто повеќе од два месеци.

УФЦ ја закажа борбата на двата шампиони во лесна категорија за појасот на 24. октомври, а никој не се сомнева дека Гајети е најголемиот предизвик за Кабиб досега.

Гајети е подготвен за пресметката. Тој верува дека ќе го победи непоразениот шампион и ќе стане првиот човек што го сторил тоа.

“Ќе има зона пред мене која не е голема. Тоа ќе биде зона на смртта и јас ќе бидам смрт кога и да влезе во таа зона. Јас сум најдобриот во тоа. Создавање хаос, кршење”, рече Гајети.

Гајети освои привремен појас во мај откако брутално го претепа Тони Фергусон.

Сепак, сега пред него е некој кој не сретнал и неговото име е Кабиб.