„Газета дело Спорт“ ја објави најголемата трансфер желба на Милан


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Како што информира „Газета дело Спорт“, Милан е блиску до договарање на нивниот прв летен трансфер, а мета им е ѕвездата на Торино и италијанскиот репрезентативец, Самуеле Ричи.

23-годишниот Ричи покажува одлична игра, со што се етаблира меѓу најдобрите играчи за врска во Серија А, поради што привлече внимание од многу европски гиганти.

Тој е веќе познат како „новиот Пирло“ и неодамна го обнови својот договор со Торино.

Сепак, се пренесува дека има ослободителна клаузула од 50 милиони евра во неговиот договор, која неколку клубови се подготвени да ја платат.

Милан веќе е во напредни преговори со агентот на Ричи, и италијанскиот интернационалец кажал „ДА“ на „росонерите“. Затоа, се очекува тој да биде првото летно засилување на „Сан Сиро“.