Геце непријатно ја изненади управата на Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Марио Геце веќе неколку месеци се наоѓа во центарот на вниманието поради можното заминување од Баерн.

Иако овој фудбалер пред неколку недели изјави дека нема намера да замине, изгледа дека ситуацијата се променила. Според пишувањето на “Билд” овој играч и соопштил на управата на Баерн дека сака да замине.

Наводно Геце на своите соиграчи од Баерн во селекцијата на Германија уште претходно им открил дека има желба да го промени клубот. Сепак. Сепак на многумина и понатаму не им е јасно дали Геце пронашол нов клуб, а “Билд” верува дека два англиски клуба се во игра за негово доведување.

Ливерпул веќе долго време прв на листата, но сега во трката се вклучи и Тотенхем. Сепак не се отфрла ниту можноста да се врати во Борусија Дортмунд.