GiG потпишува договор со Ле Гранд казино


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Gaming Innovation Group (GiG) e новата компанија која ќе влегува во Македонија во сферата на игрите на среќа.

GiG потпиша договор со фирмата К.А.К ДОО Скопје која ги поседува двете казина под името Ле Гранд кои се наоѓаат во Скопје и Битола.

КАК, кој е во процес на аплицирање за онлајн лиценца, се пријави за нудење на услугите од GIG, а тоа би требало да се случи на почетокот на следната година.

Конечниот договор се очекува да биде потпишан наскоро.

Ричард Браун, извршниот директор на GiG вели: „Македонија има долга историја со игрите на среќа и ние се нетрпение очекуваме да им внесеме иновација преку казината на Ле Гранд и преку новата онлајн платформа.

Откако пазарот во Македонија беше затворен за оператори кои немаат Лиценца, сега Владата им дозволува на сите физички казина и обложувалници да аплицираат за лиценци за онлајн игри на среќа. Преку нивните казина, LeGrand ќе нуди игри на маса, слотови, обложување и тие ќе бидат едни од неколкуте оператори кои ги нудат овие два сегменти на еден ист сајт преку интернет.

Огњан Циговски, главен извршен директор на К.А.К вели: „GiG е позната е-гејминг индустрија, односно сигурна и доверлива компанија која има долгогодишна историја и успешна соработка со локални казина. Задоволни сме што ги поддржуваат нашите стратегии за дигитална трансформација“.

„Ние веруваме дека можеме со Legrandbet да им понудиме фантастични опции за на играчите, но и да ги подобриме нивните искуства, а на тој начин да привлечеме и многу нови играчи. Со нетрпение го очекуваме ова партнерство“, додава Огњан.