Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Казахстанскиот тенисер Александар Бублик ја шокира јавноса со изјавата дека тенисот се игра единствено за пари.
Бублик во моментов е 55-ти играч во светот, а на Л’екип откри дека тенисот не му е особена страст и дека тоа го игра исклучиво за пари, па токму затоа го ставаат на ѕидот на срамот.
“Го мразам тенисот со сето срце. Јас го играм само за парите и нема ништо позитивно во тоа да станам тенисер”, рече 22-годишникот, продолжувајќи:
“Би го напуштил тенисот одамна, ако немаше пари во тоа. Јас ќе престанам да играм, но во моментот правам доволно пари, затоа морам да играм. Не сум во ситуација како мојот пријател Бернард Томиќ, но не сум далеку од него.”
“Тешко ми е постојано да играм против нови ривали. Понекогаш морам да играм во болка, морам да играм дури и кога ќе ме остави девојка ми, што е дел од тенисот што го мразам. Во тенисот, како и во другите спортови, не можеш да кажеш тренер дека не сте добри и дека остатокот од тимот игра без вас … “, вели Казахстанецот.