Го одби Плејбој, но и еден куп неморални понуди: Фокусирана сум на спортот …


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Атрактивната германска атлетичарка Алисија Шмит стана голема ѕвезда на Инстаграм.

21-годишната девојка со својот изглед направи бум „преку ноќ“, а се повеќе и повеќе луѓе ја следат на Инстаграм. Во моментов има 800.000 следбеници, но тоа носи и многу негативни работи.

Атрактивната Германка призна дека има многу неморални понуди.

„Добивам многу неморални понуди во приватни пораки. Понекогаш е смешно за мене, но не ми пречи премногу“.

Таа, исто така, одби понудата на Плејбој да биде фотографирана гола.

“Јас сум фокусирана на спортот и сакам да им биде јасно на сите. Има илјадници други девојки на Инстаграм кои изгледаат многу добро, но немаат толку многу следбеници. Со добар изглед, мора да дадете нешто поинтересно. За мене, тоа е атлетика”, рече Алисија.

Алисија има за цел да оди на Олимписките игри во Токио следната година, а доколку се најде таму, нејзината популарност сигурно ќе биде уште поголема.