Го уверија Џеко, им остана уште Волчицата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште седум натпревари и започнува сериозната работа. Уште толку натпревари ќе одигра Рома до крајот на сезоната, па ќе се знае дали Џеко ќе ја напушти Волчицата.

Се укажува на враќање на Џеко во Премиер лигата, односно преминување во Вест Хем. Чеканите се многу заинтересирани за босанскио капитен и веќе пратиле официјална понуда.

Вест Хем на искусниот напаѓач му нуди двегодишен договор и плата од девет милиони бруто. Во суштина во случај на трансфер Џеко би заработувам пет милиони евра на годишно ниво.

Италијанските медиуми говорат дека Џеко е задоволен од понудата, а наводно се помирил и со фактот дека Рома сака да го продаде бидејќи од продолжување на договорот засега нема ништо.

Остана уште Вест Хем да постигне договор со Рома, која за Џеко сака 20 милиони евра што ќе биде потежок дел од работата.