Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првото коло на УС Опен босанскиот тенисер Дамир Џумхур ќе има многу тешка работа.
Имено, ривал на Џумхур ќе биде првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.
Џумхур и Ѓоковиќ се одлични пријатели, тие често тренираат заедно, и добро се познаваат.
Секако, Ѓоковиќ е голем фаворит, а пред натпреварот решија да се пошегуваат на социјалните мрежи.
“Колку пати си тренирал на Еш? Имаш предност. Не е фер. Ќе поднесам жалба денес”, напиша Ѓоковиќ и многу бргу стигна хумористичен одговор од Џумхур.
“Противнику, дали се опоравивте? Подготвени сте?”, праша Џумхур.