Ѓоковиќ стигна до Сампрас и тргна во потера по Федерер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја минува 286. недела како рекет број еден во светот.

Според овој индикатор, Ѓоковиќ се израмни со Пит Сампрас и сега го дели второто место на вечната листа со Американецот.

Следната недела Ѓоковиќ ќе биде пред Сампрас и ќе ја започне „потерата“ за Роџер Федерер, кој беше рекет број еден во светот цели 310 недели.

Доколку Ѓоковиќ продолжи со добри игри, всушност, доколку повредите го заобиколат, тој веројатно ќе го престигне Федерер на 8. март следната година.

Да потсетиме, Ѓоковиќ досега има освоено седумнаесет титули на Грен слем турнири и веројатно ќе достигнеше осумнаесетата доколку не беше дисквалификуван од УС Опен.