Гол каков што не се гледа често: Го лобуваше голманот на Партизан од 30 метри (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во првиот натпревар од третото коло на квалификациите за Конференциската лига, Партизан на домашен терен претрпе пораз од 2:0 од шотландскиот Хиберниан. Со репарирани можности за понатамошен пласман тие отпатуваа за Единбург, но за време на натпреварот успеаја да изборат продолженија. На крајот, Партизан триумфираше со 3:2, но недоволно, бидејќи Хиберниан со вкупен резултат од 4:3 продолжи понатаму.

Тимот од Белград силно го започна дуелот и до полувремето го израмни вкупниот резултат.

Милан Вукотиќ го отвори резултатот во 17. минута со гол за 0:1, додека во 34. минута Јован Милошевиќ ја зголеми предноста на гостите на 0:2. Но, веќе во првите 15 минути од вториот дел, дојде до пресврт за домаќините.

Киерон Боуи во 59. минута намали на 1:2 со маестрален лоб од околу триесет метри, повторно носејќи предност за Хиберниан во вкупниот резултат. Целосната акција можете да ја погледнете ТУКА.