Голем пресврт: Ван де Бек со месеци преговараше со Реал Мадрид, но дали на крајот се сели во Англија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандскиот репрезентативец Дони ван де Бек скоро сигурно ќе го напушти Ајакс на крајот на оваа сезона.

Ван де Бек воодушевуваше со своите игри минатата сезона во дресот на холандскиот клуб, но на изненадување на многумина, тој исто така реши да игра за Ајакс и оваа сезона.

Сепак, скоро е сигурно дека Ван де Бек ќе го напушти Амстердам на крајот на сезоната и ќе направи потег во кариерата. Иако одамна се шпекулира дека тој ќе ја продолжи кариерата во дресот на Реал Мадрид, се чини дека има пресврт.

Англиските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед покажал голем интерес за овој играч од средниот ред и дека веќе контактирале со Ајакс. Црвените ѓаволи бараат да донесат уште едно одлично засилување за да се вратат на врвот следната сезона.

Јунајтед направи полн погодок оваа зима со тоа што ги донесе Бруно Фернандес и Одион Игало, а доаѓањето на Ван де Бек сигурно ќе беше уште еден одличен потег на челниците на клубот од „Олд Трафорд“.

Овој 22-годишник со Ајакс има договор до летото 2022 година и ја одбил можноста да го продолжи истиот. Наводно, Ајакс може да заработи околу 55 милиони евра од неговата продажба.